Македонскиот олимпиец, борецот во таекводно Дејан Георгиевски, пред малку го доби сребрениот медал освоен во категоријата над 80 килограми. На церемонијата на доделување на медалите, златото му беше доделено на рускиот олимпиец, Владислав Ларин, кој успеа да го победи Георгиевски во неизвесен натпревар во финалето.
Првата од трите рунди не изобилуваше со акција, но на крај заврши со 2:0 во корист на Ларин.
Во втората рунда, натпреварот се отвори. Прво, Ларин направи разлика, но Георгиевски брзо возвраќаше на освоените поени од противникот. Втората рунда заврши со резултат 9:7 и натпреварот беше далеку од завршен.
На почетокот на третата рунда, Ларин продолжи да освојува поени а Георгиевски првично одговори. Но, во втората половина на рундата, Русинот успеа да освои уште неколку поени кои Георгиевски немаше време да ги возврати за неизвесност до крајот.
Иако не стигна до златото, сребрениот медал за Георгиевски е голем успех. Тој го освојува и првиот медал на Олимписки игри за Северна Македонија по пауза од 21 година.