Две болници во Лондон ги замолија пациентите да не доаѓаат во нивните ургентни одделенија бидејќи се поплавени
Големото количество на дожд кое вчера падна во Лондон поплави домови, патишта, метро станици и болници, пишува Би-Би-Си. Само лондонските пожарникари, во неколкуте критични часови, примиле на 300 повици за помош поврзани со поплавите. Многу автомобили беа оставени „заглавени“ а надлежните ги повикаа луѓето да не патуваат во „ризични услови“.
Дел од патиштата во главниот град беа затворени за време на поплавите. Поради поплавите, беа затворени и осум метро станици. Засега нема информации за жртви.