Вкупно 12 006 македонски граѓани досега примиле една доза од вакцината против ковид-19 во Врање, додека со втора доза вакцинирани се 9 392 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што соопшти Здравствениот центар во овој град, до 23 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини кои се аплицирани во Спортската сала изнесува 76 899.
Од нив, бројот на вакцинирани граѓани од Македонија со првата доза е 12 006, додека бројот на вакцинирани граѓани на БИХ е 6 лица. Бројот на македонски државјани кои се вакцинирале со втората доза изнесува 9 392 и 7 државјани на БИХ.
Бројот на вакцинирани граѓани на Србија со првата доза е 27 986, додека со втора доза се вакцинирани 27 385 српски државјани.
Ако се земат предвид сите овие бројки, во Врање најчесто е аплицирана кинеската вакцина „Синофарм“ – вкупно 49 058 дози. Потоа следува „Фајзер“, која беше дадена во вкупно 20 653 случаи, па рускиот „Спутник В“ од кој се аплицирани 6 256 дози и „Астра Зенека“ која аплицирана е во 932 случаи.
Во петокот вакцинирани се 54 македонски државјани со првата доза и 55 лица со втората доза на вакцините на „Синофарм“ и „Фајзер“.
Според планот на Здравствениот центар во Врање, денеска кинеската вакцина (втора доза) треба да ја примат 63 граѓани, а со втората доза на „Фајзер“ ќе се ревакцинираат 129 лица. Во недела се планирани 31 втора доза на „Фајзер“ и 71 на кинеската вакцина „Синофарм“.