Претседателот Стево Пендаровски на свечена церемонија ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов и Ремзи Несими, постхумно, и Живко Мукаетов со Орден за заслуги за Република Северна Македонија.
Во своето обраќање, претседателот Пендаровски истакна дека четворицата носители на одликувањето имаат различни генерациски, творечки и професионални траектории, но, сепак, се спојуваат во единствениот животен пат кој води кон создавање нови вредности во македонското општество.
Со ова заедничко доделување Орден за заслуги за Република Северна Македонија за Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Живко Мукаетов, како што рече Пендаровски, сакаме да ги истакнеме поединците кои ја прават поголемата слика за напредокот на нашата заедничка татковина и благосостојбата на сите македонски граѓани.















