Затворено е цивилно стрелиште во Гази Баба поради неовластена продажба на муниција, а приведени се и три лица, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Нелегалната продажба била констатирана за време на контрола во стрелиштето од каде е приведено и одговорното лице (41 година) против кое ќе се поднесе и кривична пријава.
Останатите две лица кои се опфатени во истиот случај, биле приведени при контрола на нивните возила. Во возилото на едното лице пронајдени биле 200 куршуми со калибар 7,62, додека во другото имало 100 куршуми со калибар 9 милиметри. Пронајдената муниција е запленета.
Кривичните пријави ќе бидат поднесени за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
