Владејчката СДСМ поднела амандман на предлог-резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ чија цел е да ги дефинира државните позиции за евроинтеграции, што пак вклучува и „црвени линии“ за македонскиот јазичен, културен и национален идентитет. Како што пренесе ТВ Телма, амандманот се однесува само на името на државата, односно со него се бара вметнување на уставното име на државата – Република Северна Македонија.

Резолуцијата ќе биде разгледувана во Собранието следната недела. Со 85 гласа „за“, 1 „воздржан“ и 4 „против“, пратениците одлучија Резолуцијата да биде на дневен ред веднаш по гласањето за ребалансот на Буџетот.
СДСМ поднесе амандман на Резолуцијата со кој во содржината се додава уставното име на државата ,, Република Севрна Македонија,,За резолуцијата собранието ќе расправа во текот на наредната недела.
И лидерот на СДСМ, премиерот Зоран Заев, денеска изјави дека како партија немаат ништо против текстот во Резолуцијата, но и дека за да застане Владата зад неа, мора да го има уставното име на државата. Даде и пример дека ВМРО-ДПМНЕ не се противеле на уставното име, на пример при формирањето на национ
„Суштината и структурата на целата резолуција, на текстот, го прифаќаме. Без да менуваме ниту запирка, ниту точка. Имаме што би сакале да додадеме и да одземеме. Би сакал да стои Преспански договор, да стои Договорот за пријателство и соработка со Бугарија. Зошто не? Ама еве не чепкаме, нека биде така. Но кога премиерот ќе поддржи документ, спротивно на Уставот, тоа зборува за Владата. Тоа зборува за државата. Тоа зборува за институциите. Па да се фокусираме на суштината и структурата. Ние тоа го поддржавме. Пред неколку дена само, едногласно со 84 пратеници беше гласан мешовитиот комитет каде што стои Република Северна Македонија. Потпишана и го ко-претседава господинот Александар Николовски. Имаме закони од безбедноста, од одбраната, гласаме сите заедно, вклучително и партијата ВМРО-ДПМНЕ. Така што не е првпат ВМРО-ДПМНЕ, заради потребите на граѓаните, а ова е заради потребите на граѓаните, да каже ние не признаваме Преспански договор но ова е важно, ќе го поддржиме.“
изјави премиерот Зоран Заев.