Премиерот Зоран Заев смета дека Албанија незаслужено е блокирана на патот кон ЕУ поради спор меѓу Скопје и Софија. Во интервју за Дојче веле, тој се согласува со сугестијата која во мај ја изнесе комесарот за проширување Вархеји, двете земји да бидат одвоени при одлучувањето која прва ќе ги отпочне преговорите со ЕУ.
„Секоја земја заслужува нејзиниот напоредок да биде проценуван одделно. Јас му посакувам среќа на нашиот западен сосед, на Албанија, да продолжат натаму ако продолжи блокадата од Бугарија. Тие заслужуваат да одат по сопствениот пат и нема потреба да бидат поврзувани со други земји. Мислам дека ЕУ од практични причини не ставаше во пакет. Да Ве потсетам дека пред две години, нам ни ја додадоа Албанија. Верувам дека на Европскиот совет така му беше полесно, отколку двете земји да се движат одделно, една по една. Но, ако Бугарија остане на ставот и на блокадата, јас и посакувам успех и среќа на Албанија“,
изјави премиерот Заев во интервјуто за Дојче веле.