-Мицкоски ја афирмираше поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за европскиот пат и полноправното членство на Македонија во Европската Унија, заснована на принципиелна основа, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со меѓународниот секретар на партијата и пратеник, Тимчо Муцунски, денеска оствариле средба со евроамбасадорот во Македонија, Дејвид Гир.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на средбата се разговарало за повеќе актуелни теми. Мицкоски ја презентирал партиската програма, се пожалил за, како што стои во соопштението, високиот степен на корупција и криминал во државата, како и дека власта го злоупотребува европското знаменце на законите.

„Мицкоски го информираше евроамбасадорот Гир за високиот степен на корупција и криминал во државата, како и за злоупотребата од страна на власта на европското знаме при носењето закони во законодавниот дом, како последен пример за злоупотреба на европското знаме е новиот Предлог-закон за контрола на наркотични дроги и психотропни супстанци. Претседателот Мицкоски ја афирмираше поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за европскиот пат и полноправното членство на Македонија во Европската Унија, засновнта на принципиелна основа“,
соопшти ВМРО-ДПМНЕ.