Теренска вакцинација ќе продолжи и утре и според најавите од Министерството за здравство таа ќе се спроведува во 58 населени места во земјава.
Овие места се наоѓаат на територијата на 18 општини:
- Тетово – Селце, Вејце, Лавце
- Гостивар – Дебреше, Врањовце
- Ресен – Горнa Бела Црква, Долна Бела Црква, Сопотско, Козјак, Евла, Горно Дупени, Болно
- Штип – Калаузлија, Јунузлија, Парналија, Кучица
- Свети Николе – Малино, Преод
- Струга – Корошишта
- Ростуше – Требиште, Велебрдо
- Струмица – Муртино, Габрово
- Неготино – Бесвица, Барово
- Пробиштип – Плешенци
- Кочани – Тркање
- Кичево – Г.Строгомиште, Д. Строгомиште
- Битола – Добромири, Д.Агларци, Г.Агларци, Делбеговци,Дедебалци, Путурус, Црничани, Добрушево, Алинци, Мусинци, Мојно, Ношпал
- Охрид – Рамне, Велестово, Рача, Шипокно, Коњско, Елшани, Лагадин
- Македонски Брод – Лаг, Калуѓерец, Могилец
- Велес – Виничани, Ногаевци, Водоврати, Кочилари
- Скопје – Драчево, Батинци
- Берово – Ратево