Новиот кинески брз воз маглев (магнетна левитација), кој денес излезе од производната лента е дизајниран да достигне брзина до 600 километри на час, што го прави во моментов најбрзото копнено возило во светот. Возот беше промовиран во крајбрежниот кинески град Чингдао, во источната провинција Шандонг.
„Кина самостојно го разви овој воз, кој ги рефлектира најновите научни и технолошки достигнувања на земјата во областа на железничкиот транзит“,
објави Кинеската железничка корпорација.
Кина ја користи оваа технологија скоро две децении, но во многу ограничена мерка. Возовите од ваков тип се движат така што лебдат над шините, користејќи магнети кои создаваат подигнување и потиснување.