По силното невреме што денеска погоди поголем дел од Србија, пет општини беа принудени да прогласат вонредна состојба.
Општината Чуприја соопшти дека е прогласена вонреда состојба поради штетата предизвикана од невремето. Вонредна состојба прогласена е и во општините Петровац на Млави, Лебане, Црна Трава и Бела Паланка, јавуваат српските медиуми.



Целта на воведување на вонредна состојба е да се отстранат последиците од поплавите што е можно поскоро.
Српскиот хидрометеоролошки завод издаде предупредување за силни врнежи во подрачјето на Банат и во јужниот дел на земјата.