Речиси половина од 25-те милиони жители на Австралија се уште се заробени во своите домови поради ширењето на делта сојот на ковид-19, вклучувајќи ги и граѓаните на Сиднеј, најголемиот град во земјата.
Австралиските власти денеска соопштија дека во државата Викторија и во следните денови ќе биде продолжен локдаунот поради ковид-19 и покрај благиот пад на бројот на нови случаи, додека двата најголеми града на континентот се борат да го запрат ширењето на позаразниот делта-сој на вирусот.
Премиерот на Викторија, Даниел Ендрус, потврди дека правилата за заклучување нема да бидат укинати, бидејќи има уште нови случаи на ковид-19, и најави повеќе детали во текот на утрешниот ден, пренесуваат британските медиуми.
Во Викторија, втора по бројност држава во Австралија, чиј главен град е Мелбурн, денеска се потврдени нови 13 локални случаи на инфекција, три помалку од претходниот ден, додека државата Нов Јужен Велс, чиј главен град е Сиднеј, јави за 98 нови случаи на локална инфекција, седум помалку од претходниот ден