Ноќеска, 20-тина минути по полноќ бил регистриран земјотрес со интензитет од 2-3 степени според Европската макросеизмичка скала и епицентар во Албанија, соопштија од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Точното време кога е регистриран земјотресот е 00:21 часот, на 160 километри југозападно од Скопје.
Земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда од 3.5 и е почувствуван од населението, особено во југозападните делови со интензитет од 2-3 степени според Европската макросеизмичка скала.