Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, вели дека не може да предвиди што ќе се случи на утрешната средба на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел.

Според Селаковиќ треба да се да се види што ќе се случи, притоа потенцирајќи дека Белград останува посветен на дијалогот со Приштина. Прашан за можна промена на позицијата на Грција околу Косово, тој вели дека сака да верува дека Грција нема да ја признае независноста на Косово. Шефот на српската дипломатија рече дека на состаноците со грчки официјални лица, тој добил уверување дека тоа нема да се случи, но исто така оценил дека некои потези на Атина може да се гледаат поинаку како фактот дека Грција го прима косовскиот премиер Албин Курти и подигнувајќи го нивото на канцеларијата на Приштина во Атина.
„Сакам да верувам дека тоа нема да се случи, ќе се борам и ќе се молам на Бога да не се случи“,
изјави Селаковиќ.