Црногорскиот претседател вели дека Србија се вратила на политиката од раните 1990 години слично како што тоа го направи Слободан Милошевиќ
Според Мило Ѓукановиќ Белград никогаш не ја прифатил независноста на Подгорица и дека на Црна Гора гледа како на дел од „српскиот свет“, а Српската православна црква делувала слично на клерикалниот фашизам.

„Кога ќе се види односот на Србија кон регионот, тогаш таа улога е потенцијално опасна зашто Србија се врати на политиките од раните 1990 години. Србија е тука да ги заштити интересите на сите Срби каде и да живеат во регионот. Тоа е истата грешка која ја направи и Слободан Милошевиќ, а занеме што се случи во Босна и Херцеговина“,
изјави Ѓукановиќ на конференцијата „Западен Балкан: Клучен дел на европската сложувалка“ што се одржа во Братислава.
Според црногорскиот претседател таквиот однос на Србија претставува потенцијал за создавање нестабилност во регионот и дека во тоа Белград се потпира на поддршката на Москва.