Германскиот претседател, Франк Валтер Штајнамер, порача дека мора да се преземат „климатски мерки“ за да се спречат вакви појави во иднина
Откако невиденото невреме ја погоди Западна Европа, особено Германија, се погласни се повиците за потребата од сериозни и итни мерки за спречување на климатските промени кои се сметаат за една од главните причини за актуелната ситуација во неколку европски држави.

„Само ако решително се бориме против климатските промени ќе бидеме во можност да спречиме појави како овие кои сега ни се случуваат“,
изјави германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер во денешното обраќање.
Истовремено, една од најголемите осигурителни компании во Германија „Минхен Ре“ групација соопшти дека постои зголемен ризик токму поради климатските промени.
„Има јасни индикации дека дел од зголемените штети не можат да се објаснат исклучиво од социоекономски фактори, туку причината е и во климатските промени. Треба да претпоставиме дека ваков тип на штети ќе се појавуваат почесто и со посилен интезитет“,
изјави Ернст Раух, главен климатски експерт во „Минхен Ре“.
Германија и поголеми делови од Европа се зафатени од незапаметени поплави кои досега однесоа стотици животи.