Поради поплавите што ја зафатија Белгија оваа недела и кои досега однесоа најмалку 23 животи, Владата на вонредна прес-конференција прогласи 20 јули да биде ден на жалост, јави дописничката на МИА од Брисел.
Дваесетти јули е денот пред националниот празник на Белгија, која на 21 јули секоја година го одбележува своето постоење како независна држава, со паради и присуство на кралската фамилија.
Комеморациите оваа година ќе бидат сведени на минимум, најави Владата, и ќе се одвиваат под знакот на сеќавање на жртвите од поплавите.