Американскиот претседател Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел ќе остварат средба во Белата куќа со цел враќање на трансатлантските односи по тензиите во односите со претходната американска администрација.
Посетата на САД за Меркел ќе биде последна пред таа да ја напушти меѓународната политичка сцена на изборите во септември. За време на нејзиното 16. годишно владеење, таа ги посети Соединетите Држави повеќе од 20 пати.
Бајден и Меркел се очекува да разговараат за следните чекори кон ставање крај на глобалната корона криза, постпандемичното закрепнување на глобално ниво, климатските промени и меѓународните безбедносни прашања, како и седумгодишниот конфликт во источна Украина.

Се очекува да се разговара и за гасоводот „Северен тек 2“, кој ќе ја снабдува Европа со руски гас преку Германија. Проектот тежок 11 милијарди долари предизвикува напнатост во нивните односи, бидејќи Вашингтон смета дека зголемувањето на енергетската зависност од Русија претставува сериозен безбедносен ризик.
По влегувањето во Белата куќа во јануари, Бајден изрази противење на овој проект и оцени дека тоа ќе го зајакне економското и политичкото влијание на рускиот претседател Владимир Путин врз Европа.