Демократските законодавци од Тексас синоќа заминаа во Вашингтон за да спречат кворум за усвојување на новиот изборен законик поднесен од републиканците кој има за цел рестрикции за малцинските групи.
Демократите порачаа дека се подготвени да останат во престолнината на САД неколку недели, за време на вториот бунт против реформите на изборниот законик промовирани од Републиканската партија. Според нив, предлог законот ги нарушува правата за гласање, посебно на малцинските групи како Афроамериканците. Неколку приватни авиони во кои беа 50 законодавци демократи синоќа одлетаа од аеродромот во Остин и долатаа на аеродоромот Далас во Вашингтон.