Рочиште за случајот „Тендери” е одложено за 15 јули. За денеска беше најавено дека обвинителството и одбраната ќе почнат со своите завршни зборови, но отсуството на третообвинетата Јулијана Угриновска, беше причина ова рочиште да не се оддржи. Според бранителот Сашко Дуковски, неговиот клиент не може да присуствува на денешното рочиште од здравствени причини.
Првообвинета во случајот „Тендери” e поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска-Милевска, а второобвинета е Лидија Лазарова-Цветковска.
Канческа–Милевска се товари дека ѝ наложила на фирмата „Бетон-Штип“ да изведува градежни работи на Музејот на ВМРО пред да се спроведе јавна набавка, а како основа бил искористен претходен тендер што го добила фирмата. Службените лица второобвинетата Л.Л.Ц. како член на Комисија за јавни набавки и третообвинетата Ј.У. како претседател на Комисијата за јавни набавки, со искористување на своите службени положби и овластувања, при вршење на јавни набавки, како соизвршители прибавиле за економскиот оператор корист што се состои од незаконско повластување – фаворизирање за изведување на завршни градежни и градежно-занаетски работи.
За предметот што пред 4 години влезе во судска процедура, сѐ уште нема ниту првостепена пресуда.