Во изјавата бугарскиот претседател вели и дека Софија очекува „браќата од Република Северна Македонија сами да ја отстранат блокадата“
Откако денеска гласаше на парламентарните избори во Софија, бугарскиот претседател Румен Радев испрати порака дека политиките на Софија кон Скопје не зависат од тој кој ќе биде на власт во Бугарија и каков ќе биде составот на парламентот.
„Политиката на Бугарија кон Северна Македонија не зависи од тоа која влада е на власт. Тоа зависи од водењето отворен конструктивен дијалог кој треба да се води во еден до двата главни града – Софија или Скопје, а не во Брисел, Париз и Берлин. Ние треба да се разбереме меѓу нас“,
рече Радев.
Во изјавата тој вели и дека Софија очекува „браќата од Република Северна Македонија сами да ја отстранат блокадата“.
„Ние очекуваме нашите пријатели и браќа од Република Северна Македонија сами да ја отстрана блокадата, таа блокада не е наша. Ние очекуваме вистински одржливи резултати во нашите односи. Очекуваме да се променат учебниците, натписите на спомениците, музеите, јавните медиуми, за да можеме да го искорениме говорот на омраза. Очекуваме јасни и одлучни активности од Република Северна Македонија“,
рече Радев.