Утре попладне, пак, ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и многу топло
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР. Околу пладне и попладне, пак, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
„Локално, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град“,
велат од УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува осум.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, исто така, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Утре попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и многу топло.