На „Богородица“ и Блаце“ задржувањата се од 20-30 минути, додека на останатите премини нема поголеми гужби
Колони возила утрово има на граничниот премин „Табановце“ каде се чека и подолго од еден час за излез од државата.
Сликата од терен покажува дека слична е ситуацијата и од спротивната страна на границата за влез во земјава. Поради долгото задржување дел од патниците чекаат ред и надвор од автомобилите.



Најголем метеж на „Табановце“ во споредба со останатите премини е нотиран и во утринскиот извештај на Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) каде пишува дека се чека од 45-60 минути.
На премините „Богородица“ кон Грција и „Блаце“ кон Косово, според АМСМ за излез се чека околу 20-30 минути.
На останатите гранични премини, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.