Голем пожар го зафати грчкиот остров Евија, а службите за цивилна заштита издадоа наредби за да се евакуира населението од селото Ниборио, јавуваат грчките медиуми.
Пожарот избувнал во шумската областа Киристос и засега нема информации кои се причините за него.
„Ситуацијата е кошмарна и покрај борбата што ја водиме и од воздух и од земја“,
изјавил за грчката новинска агенција АНА-МПА, Картистос Лефтерис од службите кои се справуваат со огнот.
Катимерини пренесува дека се ангажирани 64 пожарникари, 23 возила, пет хеликоптери и пет авиони.
Меѓутоа, медиумите јавуваат дека дел од авионите не успеале да се доближат до критичните места поради силниот ветар.
Во Грција утрово избувнале вкупно 51 пожар, а најсериозен е токму тој на Евија.