Од Министерството за внатрешни работи велат дека сега проблемот е надминат и дека во функција се пет сообраќајни ленти со што ќе се намали и гужвата
Километарска колона од возила се создаде на граничниот премин „Богородица“ за излез од земјава, бидејќи паднал системот. Граѓани се пожалија дека редот со возила воопшто не се поместува и дека се чека околу 40 минути. Од Министерството за внатрешни работи велат дека сега проблемот е надминат и дека во функција се пет сообраќајни ленти со што ќе се намали и гужвата.
„Краток пад на системот, но сега се тече без проблеми“,
велат од МВР.


Претходно, од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека на граничниот премин „Богородица“ за излез и влез во земјава се чека околу 20 минути, но дека на граничниот премин „Табановце“ се чека и по еден час.
„Околу еден час за излез од земјава се чека на граничниот премин ‘Табановце’, а околу 20 минути на граничниот премин ‘Богородица’. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од земјава“,
информираат од АМСМ.