Пристигна пратката од 100 илјади вакцини „Астра Зенека“ кои се донација од Грција. Вакцините ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови и се наменети за лица над 60 години, согласно нашата стратегија за вакцинација.
„Донацијата е на лична иницијатива на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, што му ја има ветено на нашиот претседател на Владата Зоран Заев. Уште еднаш се потврдуваат добрососедските односи и поддршката кои се особено значајни во време на пандемија. Голема благодарност до грчкиот народ, владата на Република Грција и амбасадорот на Грција во нашата земја, Н.Е. Русос Кундурос со кој утрово ги пречекавме вакцините“,
напиша Филипче на Фејсбук.
Филипче додава дека процесот на вакцинација се забрзува и потсетува дека од понеделник сите граѓани ќе може да се вакцинираат без закажан термин.