Министерството за внатрешни работи, со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, вчера спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државава за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 135 возачи, информира МВР.
Од вкупно санкционираните, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
МВР најавува засилени акциски контроли и во наредните денови. Ресорното министерство апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.