Незадоволни од откупната цена, производителите на домати на плоштадот во Лесковац оставија околу пет тони домати
Производителите на домати од Лесковац, кои се незадоволни од откупната цена, решија своите производи да ги поделат бесплатно со граѓаните.
Но овој хуман гест ја покажа реалната состојба на животот во Србија и потсети на некои минати времиња на деведесеттите години, кога на ред се чекаше за брашно и масло.

Земјоделците од Лесковац своите производи ги оставија пред два пазара во градот, незадоволни од откупната цена од само 10 динари за килограм. Тие сметаат дека цената е нереално ниска, имајќи ги предвид трудот, работата и средствата вложени во производството.
Тоа предизвика огромен метеж и турканица, а меѓу оние што се обидуваа да земат што е можно повеќе домати главно се пензионери.
Од видеата што се појавија на социјалните мрежи се гледа како луѓето неконтролирано ставаат домати во торбите.
У Лесковцу данас тужна слика, с једне стране произвођачи парадајза који своје производе деле гратис, незадовољни откупном ценом, са друге грађани који грабе што је за џабе.
— Jovana Ćirković (@rilivadivuk) July 8, 2021
Тужно, јадно, понижавајуће. pic.twitter.com/T0G9OLmQSw
За да го направат овој гест уште похуман, земјоделците поставија и кутија за донации покрај своите камиони за да соберат помош за лекување на болно момче, но никој од присутните од Лесковац не остави ни динар.

Според некои проценки, производителите на домати оставиле над пет тони домати во центарот на Лесковац.