Слична несреќа се случи на северот на Шведска во 2019 година, кога авион со падобранци се урна кратко по полетувањето, а истрагата покажа дека авионот е претоварен
Шведската полиција соопшти дека сите девет лица кои биле во авионот загинале при уривањето, веднаш по полетувањето во близина на градот Оребро.

„Ова е многу сериозна несреќа. Сите во авионот загинаа“,
соопшти шведската полиција.
Во авионот „ДХЦ-2 турбо бивер“ наводно се наоѓале осум падобранци и пилотот, а се урнал во близина на пистата на аеродромот Оребро кратко по полетувањето, по што се запалил.
Сочувство за жртвите израз и премиерот Стефан Лофвен на Твитер.
Слична несреќа се случи на северот на Шведска во 2019 година, кога авион со падобранци се урна кратко по полетувањето. Во несреќата загинаа исто така девет лица, а истрагата покажа дека авионот е претоварен.