Полицијата денеска го привела бегалецот А.А (37) од скопско Мојанци, баран со потерница за одлежување 20 години казна затвор поради извршено кривично дело убиство. Бегалецот ќе биде предаден на казнено – поправна установа, соопштија од МВР.
„Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода-Отсек потраги и Единицата за интервентна полиција денеска (08.07.2021) околу 19 часот го лишија од слобода А.А. (37) од с.Мојанци, скопско, за кого била распишана потерница на Основен Кривичен Суд- Скопје вв чл.123 ст.1 (убиство) од КЗ на РСМ, за издржување казна затвор од 20 години. А.А. ќе биде предаден на казнено поправна установа“,
соопшти МВР.
Порталот „МКД.МК“ објави дека станува збор за Ајвази Авдиљраман алијас командант Тануша, кого полицијата го барала со меѓународна потерница.
