Утре и понатаму ќе биде многу топло, но облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
И денеска во земјава се очекува претежно сончево и многу топло време. Само ви источните делови ќе има мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, на југоистокот од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, но дневната ќе достигне до 39 степени.
Утре и понатаму ќе биде многу топло, но облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилно на повеќе места ќе биде во деновите од викендот, кога во попладневните часови на места ќе има и поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град. Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени.