Сопругата на британскиот принц Вилијам – војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон, е во самоизолација поради контакт со лице заразено со ковид-19, објавија светските новински агенции. Таа ги откажала сите планирани обврски.
„Минатата недела војвотката од Кембриџ разговараше со човек кој подоцна беше утврден како позитивен на ковид-19“,
соопшти палатата Кенсингтон.
Кејт Мидлтон сè уште не покажала никакви симптоми на коронавирусот, но ги следи правилата на здравствените власти и мора да остане во изолација 10 дена.
Војвотката од Кембриџ минатата недела учествуваше на неколку настани, а во петокот присуствуваше и на тенискиот турнир Вимблдон. Заедно со нејзиниот сопруг принцот Вилијам, Кејт требаше да присуствува на свеченоста по повод 73-годишнината од отворањето на Британската национална здравствена служба.
Принцот Вилијам, кој вирусот го прележа април, не е во изолација.