Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во јужните делови ќе има повеќе сончеви периоди. Во пладневните и попладневните часови ќе има зголемена облачност и претежно во северозападните делови појава на краткотраен локален пороен дожд и ретки грмежи.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, максималната температура ќе биде од 27 до 36 степени, а УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 32 степени.
Следните денови претстои сончево време со повисоки температури. Во следните три дена времето ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ-индексот ќе биде 8. Минималните температури ќе бидат во интервал од 12 до 21 степен, а максималните од 28 до 38 степени.
Услови за изолирана нестабилност ќе има в четврток и на почетокот на викендот.
