Највисокиот суд во Пенсилванија смета дека спогодбата на Козби со претходниот обвинител значително влијаела на постапката
Десетици жени го пријавија за злоупотреба, а пресудата што ја доби во 2018 година се сметаше како пресвртна точка во движењето #MeToo
Највисокиот суд во Пенсилванија денеска ја укина пресудата за американскиот актер Бил Козби за сексуално злоставување.
Тој кон крајот на 2015 година беше обвинет за неколку случаи на силување и сексуално злоставување, а првиот напад, според тогашното обвинение датира од 1960 година. Во текот на 2014 година, неколку жени се појавија во јавноста и пред суд и го обвинија Козби за сексуално злоставување.
Тој беше прогласен за виновен за дрогирање и сексуално злоставување на кошаркарката Андреа Констанд.
Десетици жени го пријавија за злоупотреба, а пресудата што ја доби во 2018 година се сметаше како пресвртна точка во движењето #MeToo.
Сепак, повисокиот суд во Пенсилванија денеска одлучи дека спогодбата на Козби со претходниот обвинител значително влијаела на постапката.
„Пресудата за Бил Козби се укинува и тој е ослободен“,
се вели во соопштението на судот.
Козби, кој е ѕвезда на серијата „Козби шоу“ отслужи повеќе од две години во државниот затвор во близина на Филаделфија. Тој вети дека ќе ги отслужи сите 10 години, но не се покаја за своите постапки.