Списокот на земји по зони на бои се утврдува врз основа на објавени информации од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), за земјите-членки на Европската унија и Европската економска област (ЕУ и ЕЕА), СЗО и Центарот за контрола на болести – Атланта, САД
Од утре, 1 јули, Бугарија воведува нов режим за влез на странци во државата при што земјите ќе бидат поделени на црвена, портокалова и зелена зона во зависност од развојот на пандемијата кај нив. Ова денеска го соопшти техничкиот министер за здравство Стојчо Кацаров.
Тој објасни дека одлуката во која зона ќе бидат државите ќе биде донесена врз основа на бројот на пациенти и процентот на позитивните кај нив. За бугарските власти државите ќе бидат во – Зелена зона, Портокалова зона и Црвена зона.
Списокот на земји по зони на бои се утврдува врз основа на објавени информации од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), за земјите-членки на Европската унија и Европската економска област (ЕУ и ЕЕА), СЗО и Центарот за контрола на болести – Атланта, САД.
За државите од каде нема податоци или недоследност во податоците, официјалните ќе се добиваат преку податоците објавени на вебстраниците на националните здравствени власти.
Списокот ќе се анализира најмалку еднаш неделно и ќе се ажурира во понеделник, а доколку е потребно, и почесто ако се влоши состојбата во државата.
Луѓето кои се од државите во Зелената зона влегуваат со најлесен режим, во Портокаловата зона ќе имаат малку построг режим, па дури и да имаат сертификат, при што по случаен избор ќе се вршат дополнителни тестови, а, оние што се во црвената зона нема да им биде дозволен влез во Бугарија.