Од денеска во вакциналните пунктови низ државата започна имунизацијата со вакцината на „Синовак“ откако таа ги поминала потребните законски процедури, информираше Министерството за здравство.
Оттаму велат дека таа од денеска се користи речиси низ цела држава, освен во Скопје и Битола, каде што ќе почне да се употребува од утре.
„Станува збор за класична вакцина во која е инјектиран ослабен вирус, односно технологија за добивање вакцини која се користи децении и е многу позната, па оттука и разбирливо е што широката популација ја доживува како една од најбезбедните платформи за производство на вакцини. Во однос на возраста на којашто се дава, вакцината ’Синовак‘ нема ограничување во Кина и се аплицира и кај деца над 3-годишна возраст. Оваа вакцина кај нас ќе се користи над 18 години и без ограничување на возраста кај возрасните лица. Вакцината ’Синовак‘ се препорачува и за доилки и трудници“,
велат од Министерството за здравство.
Земјава од оваа вакцина купи 500 000 дози кои пристигнаа викендов.