Германскиот министер за Европа за време на одржувањето на Советот за општи работи на ЕУ, на Твитер повика Европската Унија без одложување да ги исполни обврските кон Северна Македонија и Албанија
Германскиот министер за Европа Михаeл Рот денеска, за време на одржувањето на Советот за општи работи на ЕУ, на Твитер повика Европската Унија без одложување да ги исполни обврските кон Северна Македонија и Албанија.
„Ве молам. Билатералните прашања да се решаваат билатерално, без блокирање на напредокот на целата Европска Унија. Да размислиме стратегиски и да разбереме: треба да ги исполниме нашите обврски кон Албанија и Северна Македонија СЕГА, плус немаме интерес да оставаме стратегиски вакуум таму. Благодарам“,
твитна Рот.

Претходно, пред одржувањето на министерскиот Совет, Рот ја повтори германската позиција дека билатералните прашања не смеат да го попречуваат процесот на проширување.
Министрите за европски работи на ЕУ дебатираа за усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија, а според дипломатски извори од ЕУ, Бугарија одбила да попушти.