Северна Македонија ги исполни барањата и заслужува неодложно да ги започне преговорите за членство во ЕУ, е заклучокот од средбите со амбасадорката на Португалија за земјава, со седиште во Белград, Марија Вирџинија Мендес да Силва Пина
Во пресрет на денешното заседание на Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург, под португалско претседателство, претседателот Стево Пендаровски и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров остварија одвоени средби со амбасадорката на Португалија за земјава, со седиште во Белград, Марија Вирџинија Мендес да Силва Пина.
Пендаровски, на средбата, ги поздравил напорите на португалското претседателство со ЕУ за одржување во фокус на дебатата за проширување на Европската Унија и се заблагодарил за професионалниот пристап на Лисабон во изработката на предлогот за надминување на билатералниот спор меѓу Северна Македонија и Бугарија.
Односите меѓу Португалија и Северна Македонија се оценети како пријателски, со можност за нивно натамошно унапредување, збогатување на договорно-правната рамка, како и за развој на билатералниот политички дијалог на високо и највисоко ниво.
Во оваа смисла, како што се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски, соговорниците разменија мислења за актуелните состојби во пресрет на претстојните состаноци на Европската Унија, при што е нагласено дека Северна Македонија ги исполни барањата и заслужува неодложно да ги започне преговорите за членство во ЕУ.
За активниот ангажман на португалското претседателство за отстранување на пречките за одржување на првата меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Северна Македонија се разговарало и на средбата на португалската амбасадорка со вицепремиерот Димитров.
Како што соопшти Секретаријат за европски прашања, Димитров изразил благодарност за улогата на Португалија како искрен посредник во однос на европската перспектива на нашата држава.
„Португалското претседателство навистина го одржа ветувањето дека, во рамки на надлежностите и своите можности, ќе направат сè што е во нивна моќ за да се динамизира европското досие на Северна Македонија. Португалскиот предлог е добра појдовна основа за решение, но и силен поттик за продолжување на реформскиот процес и инкорпорирање на европските вредности дома“,
изјави Димитров, додавајќи дека посредничката мисија предводена од нашите португалски пријатели е многу важна и за зајакнување на кредибилитетот на Европската Унија и поместување на позициите во однос на процесот на проширување.
Како што се наведува во соопштението на СЕП, соговорниците разменија ставови за актуелните предизвици со кои се соочува Европската Унија и регионот, а кои беа дел од агендата на португалското претседателство и исполнувањето на приоритетите од агендата, како и перспективите за време на следното претседателство, кое Словенија го презема од 1 јули
Во оваа смисла, како што се наведува во соопштението, соговорниците разменија мислења за актуелните состојби во пресрет на претстојните совети на Европската Унија, при што е нагласено дека Република Северна Македонија ги исполни барањата и заслужува неодложно да ги започне преговорите за членство во ЕУ
Во пресрет на денешното заседание на Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург под португалско претседателство, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров оствари средба со амбасадорката на Португалија за земјава со седиште во Белград, Марија Вирџинија Мендес да Силва Пина.
Како што соопшти Секретаријат за европски прашања, на средбата било дискутирано за активниот ангажман на португалското претседателство за отстранување на пречките за одржување на првата меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Северна Македонија, при што вицепремиерот Димитров изрази благодарност за улогата на Португалија како искрен посредник во однос на европската перспектива на нашата држава.
– Португалското претседателство навистина го одржа ветувањето дека во рамките на надлежностите и своите можности ќе направат сè што е во нивна моќ за да се динамизира европското досие на Северна Македонија. Португалскиот предлог е добра појдовна основа за решение, но и силен поттик за продолжување на реформскиот процес и инкорпорирање на европските вредности дома, изјави Димитров, додавајќи дека посредничката мисија предводена од нашите португалски пријатели е многу важна и за зајакнување на кредибилитетот на Европската Унија и поместување на позициите во однос на процесот на проширување.