Од партијата не откриваат детали, но велат дека вечерва ВМРО-ДПМНЕ преку новата политичка стратегија и промените во визуелниот идентитет ќе се сврти кон десниот блок, од оние што се крајно десно до оние што инклинираат кон десниот центар, со цел да ги придобие овие гласачи
Мицкоски пред четири дена од Хераклеа, на роденденот на УМС, најави дека денеска на роденденот на партијата од Охрид, како што рече, ќе објави пресврт.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од Охрид ќе ја обелодени стратегијата за тоа како партијата ќе дејствува во иднина.
Партиски извори за „360 степени“ велат дека пораката од ова стратегија ќе биде „Македонија за сите луѓе“, а целта е да се покаже значењето на секој поединец во битката, неопходноста од здружување и обединување против, како што велат, „противник кој не избира средства и работи контра македонските интереси, произведува сиромаштија и целосно ги изневерува стратегиските цели на државата”.
Ваквата политичка стратегија, општо, опфаќа активности на терен, а ќе се промовира и нов визуелен идентитет.
Од партијата велат дека тоа значи оти освен стандардната црвено-црна боја, ќе се вклучи повеќе нови бои со кои партијата ќе се обрати до десниот блок, од оние што се крајно десно до оние што инклинираат кон десниот центар.

Мицкоски пред четири дена од Хераклеа, на роденденот на УМС, најави дека денеска на роденденот на партијата од Охрид, како што рече, ќе објави пресврт.
„Бидете трпеливи, 16 јуни е вистинската најава за пресврт, за еден голем новитет во пресрет на одбележување на формирањето на нашата партија. Од Охрид ќе го соопштиме нашиот новитет, на посебен настан. ВМРО-ДПМНЕ е стеблото, ВМРО-ДПМНЕ е покривката која обединува луѓе. ВМРО-ДПМНЕ е на вистинските патеки и запаметете: 16 јуни е она што сите го очекуваат”,
најави Мицкоски.