Словенија прогласи крај на епидемијата предизвикана од ковид-19, но сепак, мерките за заштита ќе останат на сила уште некое време. Ова го соопшти Франц Виндишар, државен секретар во Министерството за здравство.
Словенија сè уште не е во безбедната „зелена“ зона, според критериумите на Европскиот центар за контрола на болести (ECDC), во сила остануваат заштитните маски во затворен простор, дезинфекцијата на рацете, физичката дистанца и некои други мерки, а присуството на некои групни настани е можно само за вакцинираните, оние кои прележале ковид-19 или лицата кои ќе обезбедат нов негативен ПЦР-тест.
„Ги замолувам сите да продолжат да ги следат препораките. Сите мерки остануваат во сила се додека владата не ги укине или не го продолжи нивното траење. Сите граѓани да се вакцинираат, што е најдобар начин да се постигне посакуваната масовна заштита од болеста. Зад на е една тешка 1,5 година. Епидемијата не стави пред многу искушенија. Ќе ги надминеме со соработка и солидарност, но се уште не сме ја минале целта“,
рече Виндишар.
Според последните податоци, во словенечките болници има 122 пациенти, што е најмала бројка од 7 октомври, а владиниот стручен тим ќе продолжи еднаш неделно да ја разгледува епидемиолошката состојба и во зависност од ситуацијата, ќе предлага препораки поврзани до ковид-19.