За учебниците што државниот буџет го чинат и по 5 милиони евра годишно, „360 степени“ дојде до нови сознанија. Приспособените странски учебници имале „амин“ од Кембриџ, но само до 2017 година. Во последните три години, домашните кембриџ-учебници немаат одобрение од странство
Трета недела по стартот на преговорите, нема договор за откуп на кембриџ-учебници за основците за следната учебна година. Министерството за образование инсистира на доказ за авторски права од Кембриџ, а двете доминантни издавачки куќи што ги продаваат учебниците велат – права имаат и тоа еднаш го докажале.
„Ние тоа токму го бараме. Дека она коешто го откупуваме е во согласност со Кембриџ“,
вели министерката Мила Царовска.

„Сите овие учебници на 5 јазици се одобрени од таа институција“,
вели Дарко Фидановски од „Арс Ламина“.
За учебниците што државниот буџет го чинат и по 5 милиони евра годишно, „360 степени“ дојде до нови сознанија. Приспособените странски учебници имале „амин“ од Кембриџ, но само до 2017 година. Во последните три години домашните кембриџ-учебници немаат одобрение од странство.

Заврши уште една учебна година, но училиштето и понатаму е во мислите на многу родители и деца поради прашањето – дали од есен ќе се учи онлајн или со физичко присуство.
Но има уште едно важно прашање – ќе имаат ли учениците учебници и работни тетратки за да учат од нив? По закон, за секој предмет е одобрен само по еден учебник кој државата, преку преговори, го купува од издавачот. Најголем дел од учебниците одобрени во 2014 и 2015 година се на издавачките куќи „Арс Ламина“ и „Арбериа Дизајн“.
Министерството оваа година им бара доказ дека учебниците им се одобрени од Кембриџ, а тие тврдат дека иако ги имаат, МОН нема основа да им ги бара тие документи.
Па, дали учебниците по кои учат децата во основното образование имаат одобрение од Кембриџ или не? Особено, што во 2018 година со закон беа направени измени и до 30 отсто во поединечни учебници.
Од надлежниот владин ресор – образование, побаравме увид во сите кембриџ-учебници за да споредиме – какви биле кога првпат добиле одобренија за употреба, а какви се денес.

Прво ни падна во очи дека знакот на „Кембриџ егземинејшнс“, кој треба да покаже дека учебникот, е одобрен од оваа институција, се разликува од еден до друг учебник. Некаде стои дека учебникот е одобрен од „Кембриџ егземинешјнс“, а некаде се посочува дека одобрението важи само за англискиот текст на учебникот, а Институтот Кембриџ се дистанцира од преводот.
Во новите учебници, пак, печатени по измените во содржините во 2018 година, амблемот на „Кембриџ“ веќе не постои. Зошто го снема логото на Кембриџ од кембриџ-учебниците?

ни одговорија од МОН.
„Министерството за образование и наука не располага со докази за бараните информации за тоа кои учебници имаат добиено одобрение од Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ (Cambridge International Examinations) ниту за тоа кои учебници, кои во моментов се користат во основното образование, имаат одобрение од Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ, а во кои имало одредени измени во содржините“,
Ставот на Министерството кореспондира со одлуката на овој владин ресор, при годинашнава набавка на учебници да ги побараат авторските права и формулата за формирање на цена на учебник од издавачките куќи.
„Во моментот на преговарање за цена е значајно да се знае и тој параметар во формирањето на цената за никој да не изгуби во тој процес и секако за да се заштитат јавните пари“,
вели Царовска.
Поради новите услови, двете најголеми издавачки куќи ги напуштија преговорите и тврдат дека не е вистина дека МОН нема никаков доказ за одобрение на учебниците од Кембриџ.
„Ова тврдење е невистинито. Претставници на МОН беа во постојан контакт со Меѓународниот центар на Кембриџ и детално се запознаени со процесот на одобрување од нивна страна“
вели Дарко Фидановски од „Арс Ламина“.
Дарко Фидановски од Арс Ламина вели дека одобрението од Кембриџ никогаш и не било законска обврска, но дека тие самоиницијативно го обезбедиле.

Откако ги побаравме документите, добивме покана за увид во седиштето на „Арс Ламина“, но без камера, со образложение дека станува збор за деловна тајна. Ни беа предочени документи за кои Фидановски вели дека се договори за откуп на авторските права од странските издавачи и фактури за одобрувања од Институтот Кембриџ. Зошто тогаш учебниците по 2018 година не го носат знакот на Кембриџ, Фидановски одговара:
„Сè што е направено во 2018 година, вклучувајќи ги и измените, е по барање на МОН, а после спроведената анкета помеѓу наставниците. Се работи за сосема друга постапка спроведена според промените во Законот за учебници, која завршува со решение за продолжување на одобрувањето на учебникот. Самиот наслов ви кажува дека се работи за истиот учебник во кој се вметнати бараните измени, а со самото тоа не е потребно никакво повторно реодобрување или слично, ниту такво нешто е предвидено со постапката опишана во Законот за учебници ниту, пак, од нас беше дополнително побарано од страна на Педагошката служба“,
вели Фидановски.
Сличен став имаат и од „Арбериа Дизајн“, од која, иако побаравме, не добивме документација за авторски права и одобрување од институтот Кембриџ.
„Сè што е побарано од нас како издавач, на сите отворени повици во кои имаме учествувано, ‘Арбериа Дизајн’ ги има доставено навремено и уредно сите потребни документи и не би сакале да веруваме дека, како што тврдите вие, МОН, кое е една мошне сериозна институција, не ги поседува истите. Процедурите за одобрување се во целост запазени и извршени навремено, иако не е законска обврска, издавачот може по своја волја да одлучи дали сака да го користи логото за одобрување или не, но тоа не е обврзувачко со ниту еден акт!“
велат од „Арбериа Дизајн“.
Нашата преписка со институтот Кембриџ, пак, траеше десетина дена. Од одговорите јасни се две работи – дека учебниците првично имале одобренија од нив, но само до измените во 2018 година.

ни одговорија од Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ.
„Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ ги одобри книгите откако потврди дека преводите се точни на оригиналните меѓународни учебници со потребните адаптации за изменетата наставна програма на Кембриџ донесена во Северна Македонија. ‘Арбериа’ и ‘Арс Ламина’ може да го користат логото на одобрување за верзиите на книгите прегледани од Кембриџ и изданијата што подоцна беа печатени, вклучувајќи и исправки на помали типографски грешки, но не можат да го користат логото за одобрување ако текстот на оригиналот значително се промени. Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ ги нема прегледувано овие учебници од 2017 година и не може да коментира за изданијата од 2018“,
Ако учебниците на „Арс Ламина“ и „Арбериа Дизајн“ повеќе немаат амин од Кембриџ, дали треба да ги имаат ексклузивните права кои им донесоа 30 милиони евра приходи во изминатите години?
Во Законот за учебници нема експлицитно барање за коригираните книги да имаат ново одобрение од Кембриџ. Според професор Ристо Малчески, кој беше претседател на првата рецензентска комисија за оценување на кембриџ-учебниците, просторот за манипулации е во членот кој дозволува да се продолжи одобрението за употреба на учебниците ако измените се помали од 30 отсто.
вели Малчески.
„Во старите учебници паѓаше во очи, во осмо, деветто одделение, којшто јас тогаш не ги гледав, но подоцна ги видов дека немате ниеден доказ на Питагорова теорема, немате ниту една формула изведена, немате формула за триаголник, Херонова формула, геометрија, немате ништо од алгебра, ниту еден доказ, разлика на квадрати, да не ја оптоваруваме премногу јавноста, во новите има дел од тоа. Знаете што е, ако вие ставите само еден доказ на една теорема во една тема, а претходно немало докази, тоа не е 30 отсто туку 130 отсто промена. Говорам од образовен, од научен аспект. Така што глупостите што ги тврдат определени „стручњаци“ дека само 30 отсто смениле, па затоа нема потреба од конкурс. тоа е за нив и за нивното оправдување пред граѓаните и продолжување на манипулациите“,
Малчески, од денешна перспектива, смета дека целата реформа е воведена противзаконски. Проблем првично гледа во носењето на наставните програми без распишување јавен оглас, но и објавувањето на јавните конкурси во кои се бараа исклучиво учебници адаптирани од странство.

вели Малчески.
„Иако во тогашниот закон стоеше дека на конкурсот може да учествуваат и странски издавачи, адаптирани книги од странски издавачи, ние имавме, надвор од пропишаните законски норми, исклучиво јавен повик само за адаптирани учебници. Јас сум математичар, не сум правник, но ниеден правник не може да ми каже дека зборчето „може“ дава ексклузивно право на странските издавачи. Тоа само им дозволува на странските издавачи, односно на нивните застапници да учествуваат на конкурсот. Зошто беа елиминирани македонските издавачи?“,
Првиот конкурс за кој говори Малчески е распишан во 2014 година и со него се бара домашни или странски издавачи да достават адаптирани учебници од странство. Директно, во конкурсот, нема услов учебниците што ќе бидат одобрени од МОН да имаат одобрение и од Институтот Кембриџ. Таа обврска се додава во конкурсите во 2015 и 2016 година за учебници за повисоките одделенија. На јавните повици учествуваат повеќе издавачки куќи, а избрани се само учебниците на „Арс Ламина“ и „Арбериа Дизајн“.
Она што паѓа во очи, од документацијата што ја обезбедивме од МОН, е што издавачите доставиле различна документација. На пример, издавачката куќа „Просветно дело“, чии оригинални изданија на учебниците веќе биле одобрени од Меѓународниот центар Кембриџ, доставиле и одобрение за откуп на авторските права од странските издавачки куќи.

Ист е случајот и кај „Арбериа Дизајн“, додека за „Арс Ламина“ не е наведена ваква документација туку пишува дека издавачот доставил „писмо непотпишано и незаведено“, во кое, како што посочуваат од МОН, издавачот ја опишува содржината на учебникот и лицата што ја направиле адаптацијата.

Кога се обративме до „Просветено дело“, тие тогаш првпат дознаа што имале или немале нивните конкуренти.
велат од „Просветено дело“.
„Откако добивме решенија за неодобрување на учебниците, ние го искористивме правото да направиме увид дозволен од надлежниот орган. На увидот не ни беше споделена информацијата дека останатите поднесители немале целосна документација. Доколку сме ја имале оваа информација, ние ќе ја вклучевме како аргумент во нашата жалба“,
Од „Арс Ламина“, пак, посочуваат дека во ниту еден јавен повик не се барало документација за авторски права, иако велат дека и тогаш ја поседувале.
вели Фидановски од „Арс Ламина“.
„Сè што е предвидено со законот и со јавните конкурси е доставено. Сè што било и дополнително побарано од нас е доставено. Постапката, според Законот за учебници, предвидува доставување на преведени и адаптирани учебници за одобрување, а не, како што велите, ‘договори за откуп на правата’ и не знаеме за какво ‘писмо непотпишано и незаведено‘ станува збор. Откога ви беше презентиран јавниот повик објавен од Педагошката служба, сами можевте да се уверите дека не постои барање за поднесување некакви договори“,
Сите пристигнати учебници ги разгледувала рецензентската комисија. Учебниците на „Арс Ламина“, на првиот повик, добиле највисока оценка – 5, додека на „Просветено дело“ добиле оценка 2. Слични се разликите во оценките и за другите учебници.

Малчески вели дека книгите на „Арс Ламина“ биле избрани бидејќи целосно соодветствувале на наставната програма што, според него, фрла дополнителен сомнеж.
„Книгите коишто се донесоа во Македонија првпат на англиски јазик беа издадени во 2013 година есента или 2014 година. И сто отсто соодветствуваа на програмите. Долги години пишував учебници, одговорно тврдам дека не постои автор којшто може сто отсто да направи такво покритие на програмите, колку и да е добар. Во даденава ситуација мислам дека е направено нешто друго – некој напишал книги, а потоа од тие книги се влечени програми и затоа програмите беа толку просечни, потпросечни и тоа немаше никаква врска со некакво елитно образование.
– Мислите дека тоа беше трка на која однапред се знаеше победникот?
Па, би рекол да. Победници фактички беа луѓето во Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, сите други беа споредни играчи“,
вели Малчески.
Малчески тврди дека и тогаш алармирал за овие сомнежи и се повлекол од целиот процес, кој смета дека сега треба да биде предмет на интерес и на обвинителството.
Додека се чека новиот закон за учебници, засега, барем официјално, фокусот од МОН е ставен на годинашниот откуп на учебниците од „Арс Ламина“ и „Арбериа Дизајн“ за кој Министерството очекува да се најде компромис за во новата учебна година децата да имаат од што да учат – макар биле тоа и кембриџ-учебници на „стара слава“.