Поранешниот директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Македонија, Горан Јандреоски, најверојатно ќе биде избран за нов извршен директор на Аеродроми на Црна Гора во текот на оваа недела, дознава црногорскиот весник „Дан“ од повеќе извори.
Јандреоски ја извршуваше функцијата технички координатор на „ТАВ Македонија“ и беше генерален директор на Управата за цивилно воздухопловство на Република Македонија.
Според податоците од биографијата, Јандреоски е дипломиран инженер, а има и диплома за управување со цивилно воздухопловство во Сингапур, како и диплома за воздухопловство.
Владата на Црна Гора го распиша конкурсот за избор на членови на одборот на директори на оваа државна компанија на 5 мај годинава, на кој можеа да се пријавуваат граѓани на други земји, пишува „Дан“.
