Според последните денешни статистики на Министерството за здравство во земјава пет града се без активни случаи на ковид. Станува збор за Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран. Во други четири градови (Крушево, Македонски Брод, Валандово и Дебар) има смао по еден активен случај на ковид.
Меѓу градовите со најмалку ковид-случаи се и Берово и Крива Паланка со по два, во Македонска Каменица и Ресен има по три, а во Кавадарци, Свети николе, Неготино и Делчево по четири. По еден случај повеќе, односно по пет активни има во Демир Хисар и Гевгелија, а во Велес има шест. Под 10 активни има и во Штип (8) и Кратово (9).
Останатите градови во земјава имаа по двоцифрен број на активни случаи со ковид, додека пак во Скопје има 299 ковид-случаи.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155 417, на оздравени е 149 292, а на починати е 5 455. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 123 и има околу 420 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Досега во земјата се направени вкупно 814 518 тестирања на ковид-19.