Полицијата сѐ уште го обезбедува просторот во и околу трговскиот центар „Сити мол“ во скопската населба Карпош. Забранет е влез во објектот, а стопиран е и сообраќајот на околните улици.

Од МВР за „360 степени“ велат дека единицата за антитероризам го пребарува целиот трговски центар, откако утрото добиле анонимна дојава за бомба.
„Пријавено е во мониторингот на „Сити мол“ и оттаму известувањето стигна кај нас во 12:10. Екипа е испратена на терен и се постапува“, велат од полицијата.

Паралелно со дојавата за бомба, во една од сендвичарниците во трговскиот центар избил и пожар, но од МВР велат дека двата настана не се меѓусебно поврзани.