Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (31 мај 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во „360 степени“ вечерва објавуваме:
-Откуп на Кембриџ-учебници: Поради сомнеж дека се напумпани, МОН им побара на издавачите да покажат како стигнуваат до цената на учебниците и наиде на проблем – ниту „Арс Ламина“ ниту „Арбериа Дизајн“ доставија договори за авторски права; „360 степени“ регистрираше големи разлики во цените во малопродажба во споредба со оние што ги платила државата;
-Исти фирми добиваат и по две третини од јавните набавки за градежни работи во исти општини – сторија од општините Кавадарци, Струга и Куманово;
-Содржината и позицијата на Патоказот за спроведување на Договорот за добрососедство со Бугарија – прашања од кои зависи дали во јуни ќе има деблокада на пристапниот процес на Северна Македонија со ЕУ: интервју со шефот на дипломатијата, Бујар Османи;
-„Саботажа“.
Емисијата почнува во 22 часот на ТВ Алсат.