Германија ќе започне со вакцинирање на деца над 12 години против ковид-19 во јуни, најави денеска канцеларката Ангела Меркел.
Младите ќе можат да закажат вакцинација од 7 јуни, кога ќе заврши системот што им дава приоритет на старите лица, хронично болните и најекспонираните професии. До крајот на летото вакцината ќе им биде понудена на сите над 12-годишна возраст
Спроведувањето на оваа мерка зависи од тоа дали Европската агенција за лекови (ЕМА)ќе ја одобри вакцината на „Фајзер“ за помлади луѓе на возраст од 12 до 15 години, што е широко користена во САД за оваа возрасна група. ЕМА на оваа тема се дискутира во текот на утрешниот ден.
Досега, вакцината на „Фајзер“ е одобрена само за лица над 16 години. Според новите податоци на институтот „Роберт Кох“, во Германија дури 41 процент од возрасните примале барем по една доза, а скоро 16 проценти ги примиле и двете.