Затемнување на Месечината се случува кога таа поминува низ сенката на Земјата блокирајќи ја светлината од Сонцето. Во зависност од орбитата, се чини дека Месечината делумно или целосно исчезнува од небото, неколку минути пред да се врати на сончевата светлина
Изминатата ноќ е забележан најдраматичниот лунарен настан во 2021 година – супермесечина.
Затемнување на Месечината се случува кога таа поминува низ сенката на Земјата блокирајќи ја светлината од Сонцето. Во зависност од орбитата, се чини дека Месечината делумно или целосно исчезнува од небото, неколку минути пред да се врати на сончевата светлина.
Но астрономите и набљудувачите не се согласуваат околу точната дефиниција за супермесечината. Терминот се однесува на времето во кое полната месечина се наоѓа во точката најблиску до планетата Земја. Тогаш изгледа поголема и посветла од повеќето полни месечини. Името „крвава“ се однесува на црвената нијанса што ја добива поради оптичката илузија, што е предизвикана од атмосферата на Земјата. Истиот механизам е присутен на изгрејсонце и зајдисонце, кој дава убави бои.
Кога се случува „супер“ затемнување?
Обично се јавува наутро или навечер, во зависност од глобалното позиционирање. Оваа година супермесечината е највидлива за оние во Северна Америка, Нов Зеланд, Австралија и Југоисточна Азија. Според универзалното координирано време, односно неутралната временска зона што ја користат астрономите, процесот започнува во 8:47 часот наутро.
Точката во која Месечината е целосно „проголтана“ од сенката на Земјата се нарекува тоталитет и се појавува во 11:16 часот наутро. Во другите затемнувања на Месечината, тоа може да трае од неколку секунди до 100 минути, но должината на неговото времетраење за време на супермесечината не е позната.
Кога е следната супермесечина?
Следното затемнување ќе се случи на 16 мај 2022 година, кога другата половина на планетата ќе има можност да ја види оваа несекојдневна појава. Тогаш поголемиот дел од Северна и Јужна Америка, делови од Европа, Африка и западна Русија ќе имаат поглед на крвавата месечина.