Шефовите на држави и влади на ЕУ вечерва се согласија дека Европската Унија треба да воведе низа рестриктивни мерки кон Белорусија поради приведувањето на опозиционерот Пратасевич и принудното слетување на авионот на „Рајанер“.
Меѓу предложените санкции што се очекува Советот на ЕУ формално да ги усвои е и забрана за прелетување на авионскиот простор над ЕУ за белоруските авиокомпании.
Европските лидери повикаа веднаш да биде ослободен Пратасевич и побараа од Советот на ЕУ да усвои санкции кон инволвираните лица и ентитети во овој меѓународен скандал, а се очекува да бидат изречени и повеќе економски мерки.
Претходно Литванија соопшти дека ќе ги забрани сите летови кон и од Белорусија.
„