Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека вакцинирањето против ковид е единствениот начин што може да помогне во борбата против ковид и апелира што повеќе лица да се вакцинираат.
„Само со масовна вакцинација на што поголем број граѓани ние ќе спасиме човечки животи и ќе ставиме крај на пандемијата. Вакцинацијата е единствениот начин за да се вратиме во нормала и да го вратиме животот онаков каков што го знаеме“,
вели Филипче во видео-кампања.
„Колку побрзо и повеќе граѓаните се вакцинираат толку побрзо ќе ги прославуваме поводите за радост, родендените на саканите и свадбите на блиските. Вакцинацијата ни ја враќа слободата да ги прегрнеме нашите блиски, роднини, баби и дедовци“,
вели Филипче.
Тој ги повика сите граѓани да бидат амбасадори на имунизацијата и во што поголем број да се пријавата на сајтот www.vakicnacija.mk и да ги поттикнат и убедат своите сограѓани да го направат истото.
„Разговарајте со вашите пријатели и блиски или со оние кои сè уште се двоумат дали да се вакцинираат и пренесете има ја пораката зошто е важно секој да се вакцинира. Бидете амбасадори на имунизацијата која значи враќање на безбедноста и слободата. Да си помогнеме себеси и на другите, да се вакцинираме и да се заштитиме“,
вели Филипче.