26 земји членки се држат како заложници од некои ситни национални интереси на една земја која ѝ прави штета на целата Европска Унија и го уништува нејзиниот кредибилитет на Западен Балкан, изјави вчера германската амбасадорка во земјава во врска со бугарското вето за почеток на преговорите
Португалското претседателство во моментов работи на конкретен предлог, односно на една рамка со која би требало да дојде до согласност и нивната цел е до јуни да се дојде до усогласување, вели германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн, одговарајќи на прашањето дали до крајот на португалското претседателство со Унијата земјава ќе успее да стартува со преговорите за полноправно членство во ЕУ.
„Не знаеме како конкретно изгледа овој предлог. Тој се ориентира на преговорите кои минатата година се одржуваа во Берлин, но од друга страна за Бугарија целото тоа прашање особено сега со техничка влада е многу тешко“,
изјави Холштајн по примопредавање на германската донација на тестови за ковид-19 за Министерството за здравство.
По вчерашната изјава во која таа рече дека 26 земји членки се држат како заложници од некои ситни национални интереси на една земја која ѝ прави штета на целата Европска Унија и го уништува нејзиниот кредибилитет на Западен Балкан, алудирајќи на Бугарија, германската амбасадорка не очекува да им предизвика проблеми на колегите во Софија.
Холштајн мислеше на случајот со хрватската амбасадорка во Софија, која вчера беше повикана на разговор по изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во Брдо, во која рече дека отворено ќе се спротивстави на барања, една земја кандидат, која е во преговори за членство, во учебниците по историја својата национална генеза да ја дефинира, онака како што тоа го бара соседна држава.
„Се надевам дека јас нема да им направам проблеми на моите колеги во Софија, бидејќи никогаш не го употребив зборот Бугарија“,
рече Холштајн.
Таа вчера
